Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во просториите на Министерството одржа брифинг со медиуми каде што се разговараше на повеќе теми поврзани со земјоделскот сектор.
„Како Министерство сме фокусирани да зголемување на продукцијата на храна“, истакна министерот.
Тој истакна дека субвенции ќе земаат сточари кои имаат над три крави. Треба да се работи на млеко продукцијата. Поентата е субвенциите да завршуваат кај активните земјоделци.
„Сточарот кој што ќе зголеми крави од 3 на 4 или пет, па и на повеќе, тогаш ќе работи на зголемување на грла и зголемување на млекопродукцијата“, појасни министерот.
Министерот Трипуновски посочи дека ги имаме сите предуслови како земја за да произведуваме храна. Целта е да работиме да нема пад на производство на храна.