Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешниот брифин за медиуми истакна дека од 2019 година немало програма за финансиска поддршка од 140 милиони евра, нападите од опозицијата се паушални.
Тој посочи дека опозицијата во 2024 година остави програма за финансиска поддршка во земјоделството која изнесуваше околу 96 милиони евра. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот во август месец допринесе Програмата да изнесува околу 115 милиони евра. И во декември месец со уште еден мини ребаланс Програмата достигна од околу 137 милиони евра. Ако на таа Програма алудира опозицијата, таа програма беше зголемена на 137 милиони евра од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетам дека кога дојдов на позиција министер, се соочивме со неисплатени обврски, еве пример на млекарите не им беа исплатени субвенции за 17 месеци за предадено млеко“, појасни министерот Трипуновски.