Свет пакистан

Експлозија во Пакистан, најмалку две лица загинаа, 12 се повредени

Најмалку две лица загинаа, вклучувајќи едно дете, а 12 лица се повредени во експлозија што се случи денеска во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва, соопштија локалните власти.

Експлозијата се случила пред главната порта на полициската станица Мирџан во округот Бану околу 10 часот по локално време, изјави локален полициски службеник.

Безбедносните сили и спасувачките екипи ги превезоа повредените во блиските болници, а неколку од нив се во критична состојба, изјави портпарол на спасувачката служба.

To top