Фудбал документарец

Документарец за Пеп Гвардиола: Студија за фудбалскиот идеализам

Документарецот на „Би-би-си“, Пеп Гвардиола: Потрага по совршенството, нурнува длабоко во умот на веројатно најголемиот и највлијателен тренер во историјата на фудбалот.

Документарец за Пеп Гвардиола: Студија за фудбалскиот идеализам

Документарецот на „Би-би-си“, Пеп Гвардиола: Потрага по совршенството, нурнува длабоко во умот на веројатно најголемиот и највлијателен тренер во историјата на фудбалот.

За четири години во Барселона, Гвардила (53) освои 14 трофеи, вклучувајќи три титули во Ла лига, две во Лигата на шампиони (ЛШ) и две во „кралскиот куп“.

Со Манчестер сити, тој се закити со пет трофеи во Премиер лигата за шест години, а лани стана вториот менаџер во Англија, по Алекс Фергисон од Манчестер јунајтед, освојувач на тројната круна; во Премиер лигата, во ФА купот и во ЛШ.

Неговиот стил на фудбал базиран врз посед на топката имаше големо влијание на начинот на кој се игра низ цела Европа.

Одлуката на Барселона во 2008 година да назначи релативно непроверен 37-годишник за тренер претставуваше коцкање во тоа време. Во тој момент, Гвардиола имаше само едногодишно тренерско искуство, со Барселона Б, во третата лига на Шпанија.

Другиот кандидат беше Жозе Мурињо, кој имаше освоено две титули во Премиер лигата со Челси, а претходно триумфораше во ЛШ со Порто во 2004 година. Но Мурињо не одговарал на она што се нарекува ДНК на Барселона, иако имаше свое минато во клубот, како помошник на Луј ван Гал и на Боби Робсон.

Под водство на Франк Рајкард, Лионел Меси со одреден успех играше како плејмејкер, на позицијата 10 и на десното крило.

Но Гвардиола беше тој што го откри потенцијалот на осумкратниот освојувач на „Златната топка“ кога првпат реши да го искористи како лажна деветка на мечот против Реал Мадрид во мај 2009 година.

Гледајќи ги натпреварите на Реал, Пеп сфатил дека кога играчите од средниот ред вршат притисок врз средниот ред на противничкиот тим, дефанзивците остануваат позади и отвораат простор од околу 30-на метри

Идејата на Гвардиола била Меси да не биде „во улога на центарфор“, туку, напротив, „во средниот ред, со 30-на метри трчање“. На тој меч, Барселона забележа историска победа од 6:2, а Меси постигна два гола. Таа сезона триумфира во Ла лига, во ЛШ и во Купот на Шпанија..

Во април 2014 година, откако ја презеде функцијата главен тренер во Баерн Минхен, Гвардиола се соочи со старите непријатели, Реал Мадрид во полуфиналето на ЛШ.

Германскиот шампион го освои трофејот претходната година под водство на Јуп Хејнкес и постоеше притисок врз Гвардиола да го стори истото.

Баерн доминираше со посед на топката на првиот натпревар во Мадрид, но загуби со 0:1. Капитенот на Баерн, Нојер открива дека Гвардиола имал некарактеристични дилеми и решил да ги послуша играчите за тоа како треба да играат во реваншот.

Тимот возвратил дека би сакале да одат целосно во напад. На крајот загубија со 0:4 на домашен терен.

Сите сметаат дека тоа е пресвртница, моментот кога Гвардиола одлучил дека оттогаш ќе им верува само на сопствените фудбалски идеи.

Во 2021 година, Гвардиола го одведе Манчестер сити до првото финале во ЛШ. Тогаш тој се коцкаше со тоа што одлучи да не игра ниту еден од извонредните играчи од средниот ред, Родри или Фернандињо.

Родри открива дека Пеп „не му објаснил“ зошто е изоставен, велејќи дека веќе се решил за тимот „два или три дена пред финалето“.

Откако Челси победи со голот на Каи Хаверц, критичарите го обвинија Гвардиола дека премногу ги искомплицирал работите.

Во 2023 година, Сити се пласираше во уште едно финале во ЛШ. Тогаш играше Родри и го постигна единствениот гол на натпреварот против Интер.

To top