Данил Медведев продолжува да ги поместува границите на сопствената издржливост. Тој повторно одигра мечот во пет сета на Австралија опен и повторно победи.
Овој пат по три часа и 59 минути одличен тенис беше подобар од Хуберт Хуркач и се пласираше во полуфиналето.
„Во моментов сум уништен. Не останав без бензин, но до крајот на вториот сет бев навистина уморен. Во четвртиот сет играв одлично, но концентрацијата ми падна. Во петтиот само сакав да дадам се од себе, а ако загубам – загубам.
Против Русувуори во второто коло веќе мислев на тоа дали ќе стигнам на утринскиот лет, а сега сум во полуфинале“, рече Медведев.
За финалето ќе игра со подобриот од дуелот Алкараз – Зверев.