Реал Мадрид заработи најмногу пенали во најдобрите пет фудбалски лиги во Европа во сезоната 2025/26.
„Кралскиот клуб“ доби 13 пенали во 24 натпревари од шпанската Ла Лига.
Баерн (Германија) заработи девет, додека Мајнц (Германија, Брентфорд (Англија) и Брест (Франција) заработија по осум.
Во победата од 4:1 над Реал Сосиедад синоќа во 24. коло од Ла Лига, Реал Мадрид реализираше два пенала, двата ги претвори во гол Винисиус Жуниор.
Клубот од Мадрид е на врвот на табелата во Ла Лига со 60 бода по 24 натпревари.