На 12.02.2026 во 16:49 часот во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Сулејманови ливади“ во с.Горно Количани, скопско, пронајдени се коски слични на човечки, а во близина е пронајдена и облека.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.