Свет Се очекува уште една рунда разговори

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате

„Русија сака да постигне договор и Зеленски ќе мора да дејствува. Во спротивно, ќе пропушти голема можност. Мора да преземе чекори“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа, објави Ен-Би-Си Њуз.

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја пропушти својата шанса за мир ако „не дејствува“, наведувајќи дека Русија сака да постигне договор.

„Русија сака да постигне договор и Зеленски ќе мора да дејствува. Во спротивно, ќе пропушти голема можност. Мора да преземе чекори“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа, објави Ен-Би-Си Њуз.

Се очекува американските, украинските и руските претставници да одржат уште една рунда разговори на почетокот од следната недела во Женева, според американската телевизија.

Трамп го повтори своето предупредување дека Иран ќе се соочи со последици ако разговорите за неговата нуклеарна програма не успеат.

„Мислам дека ќе бидат успешни. А ако не бидат, тоа ќе биде лош ден за Иран“, рече Трамп. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top