Македонија Добри вести за македонските граѓани

ВИДЕО: Мицкоски на значајни средби на првиот ден од Минхенската безбедносна конференција

Македонската владина делегација беше дел од свеченото отворање на 62 Минхенска безбедносна конференција каде што свое значајно обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а овој дел од денот го заврши со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.

ВИДЕО: Мицкоски на значајни средби на првиот ден од Минхенската безбедносна конференција

„Добар ден од Минхен и добар ден од 62 Минхенска безбедносна конференција. Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата Шварц, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра“, порача ппремиерот Христијан Мицкоски во своето видео обраќање.

-Компанијата „Шварц“ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија. Вториот состанок како продолжуваме на оној состанок во Давос го имавме со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор. Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија, посочи премиерот.

Понатаму, македонската владина делегација беше дел од свеченото отворање на 62 Минхенска безбедносна конференција каде што свое значајно обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а овој дел од денот го заврши со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.

-На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани. Дозволете ми на крај да им честитам на македонските граѓани за онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна што пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании. На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните 2 дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција, порача Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top