Македонија Постапката ќе ја води Комисијата за прашања на избор и именувања

Собранието во среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

На последната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го предложи Гоце Наумовски за нов уставен судија, откако уставната судика Јадранка Дабовиќ Анастасовска во декември поднесе оставка од здравствени причини. 

Собранието во среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Собранието на пленарната седница закажана за среда, 18 февруари се очекува да ги  констатира оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска.

Веднаш потоа, како што велат од Собранието за МИА, треба да започне постапката за избор на нов претседател на РКЕ и на член на ДКСК. Постапката за нивен избор ќе ја води Комисијата за прашања на избор и именувања.

На 85. седница закажана за 18 февруари се очекува на дневен ред да се најде и изборот на нов уставен судија.

На последната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го предложи Гоце Наумовски за нов уставен судија, откако уставната судика Јадранка Дабовиќ Анастасовска во декември поднесе оставка од здравствени причини.

Засега на предложениот дневен ред на 85. седница в среда се Предлог за именување на (непрофесионално ангажиран) член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување и Предлог на закон за органско земјоделско производство, во прво читање. Пред почетокот на работата по точките од дневниот ред треба да се одржат опозициските прашања до премиерот и министрите.

Најнови вести од Македонија

To top