Македонија РСБСП

Апел од РСБСП за одговорно учество во сообраќајот на празникот на виното и љубовта

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) утрово упатија апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на виното и љубовта, 14 февруари – Свети Трифун и Ден на вљубените.

– Празниците се време за радост, блискост и споделени мигови со саканите. Но, вистинското прославување е она по што сите безбедно се враќаме дома. Затоа, не дозволувајте момент на невнимание да ја засени убавината на празникот, посочија од РСБСП.

Од РСБСП порачаа доколку се консумира алкохол – да не се седнува зад волан. Наместо тоа, да се избере јавен превоз, такси или возач кој не консумирал алкохол.

– Возете внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Сакајте и почитувајте го својот и животот на другите – затоа што секој живот е важен, нагласија од РСБСП.

Најнови вести од Македонија

To top