Вардар ќе добие сериозно засилување за вториот дел од сезоната, откако српскиот репрезентативец Вукашин Воркапиќ ќе му се приклучи на тимот од Скопје.
Првично беше најавено дека Воркапиќ ќе го облече „црвено-црниот“ дрес од следното лето, сепак Вардар ги обезбеди неговите услуги шест месеци порано.
Во Вардар ќе ја засили конкуренцијата на десната крилна позиција, каде веќе настапуваат Гоце Георгиевски и Мигел Пинто.
Воркапиќ е второ засилување од Војводина оваа зима, по доаѓањето на Жоао Педро Да Силва.