Томас Тухел ќе биде селектор на фудбалската репрезентација на Англија и на Европското првенство во 2028 година, на кое Англија е домаќин заедно со Шкотска, Велс и Ирска.
Германецот потпиша нов договор со Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Претходниот договор истекуваше на крајот од претстојното Светско првенство кое се игра летово во САД, Мексико и Канада.
Германскиот стратег по продолжувањето на соработката, посочи дека е горд и дека позицијата селектор го „оживеала“, дека ужива во соработката со играчите.