Македонија МОН

Јаневска: Градиме образование што ја јакне демократијата, истражувачко новинарство во наставата по Граѓанско образование

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска присуствуваше на промоцијата на новиот курикулум за истражувачко новинарство по предметот Граѓанско образование, во Собранието на Македонија. На настанот присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Македонија Кристофер Зомер, претставници на Парламентарниот институт, Националниот демократски институт (НДИ), наставници и ученици.

Модулот за истражувачко новинарство е вид на практична школа за демократија. Во улога на истражувачки новинари, учениците ќе обработуваат теми од заедницата, ќе поставуваат прашања и ќе бараат одговори, ќе работат во тимови и ќе пишуваат новинарски текстови.

Министерката Јаневска нагласи дека демократијата е темелна вредност на нашето општество, а преку образованието можеме да придонесеме за натамошно јакнење на демократските процеси.

„Неодамна добивме признание од Советот на Европа дека Македонија е зрело демократско општество, во кое владее правото. Тоа е голема чест за нашата држава и за Владата, што во основа покажува дека демократските принципи се вградени во институциите на системот и дека демократијата ја практикуваме, а не е само декларативна. Треба да продолжиме во таа насока“, рече Јаневска.

Таа додаде дека низ воспитно – образовниот процес треба да подготвуваме нови генерации кои ги знаат, почитуваат и применуваат демократските принципи на еднаквост, слобода на говор и учество во носење одлуки. Децата од најрана возраст треба да учат дека сите, без разлика на раса, пол, религија или социоекономски статус, имаат еднакви права и можности. Вештините како критичко размислување, тимска работа и дијалог, кои гарантираат функционална демократија, најдобро се усвојуваат кога се интегрирани во наставните програми.

Јаневска упати благодарност до швајцарската Програма за парламентарна поддршка и Парламентарниот институт на Собранието за подготовката на модулот, кој веќе е одобрен од Бирото за развој на образованието како изборен за 8-мо и 9-то одделение и е достапен на училиштата.

„Сите заедно да работиме на јакнење на демократијата преку образованието, преку институциите и преку секојдневната практика. Тоа е нашата обврска кон иднината и кон младите генерации кои треба да продолжат да ја градат оваа убава земја“, рече министерката Јаневска.

Најнови вести од Македонија

To top