Свет

Италијанската влада го одржа своето ветување да преземе мерки против нелегалната миграција, вели Мелони

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека нејзината влада го исполнила своето ветување кон граѓаните со тоа што презентирала закон со мерки против нелегалната миграција, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Меѓу нив е и можноста властите да воведат таканаречена поморска блокада под одредени околности. Во видео порака објавена доцна синоќа по нејзиното пристигнување во Белгија за неформалниот самит на ЕУ во белгискиот замок Алден-Бизен, Мелони нагласи дека мерката може да се примени во случај на сериозна закана за јавниот ред или националната безбедност, како што е ризикот од тероризам, како и во случај на вонреден миграциски притисок.

Според неа, тоа би овозможило на бродовите да им се забрани поминување низ италијанските територијални води, а мигрантите на бродот да бидат насочени кон трети земји.

Мелони, исто така, истакна дека законот е компатибилен со новите европски правила, вклучително и Пактот на ЕУ за миграција и азил, кој ќе стапи на сила во јуни и чија формулација, рече таа, се случила со активно учество на Италија. Таа го повика Парламентот за кратко време да го разгледа и усвои законот.

To top