Хроника

Средношколец со тешка повреда донесен во болница, паднал на час по физичко

Средношколец со тешка повреда донесен во болница, паднал на час по физичко

Од Ургентниот центар Гостивар вчера во 08:20 часот било пријавено дека со тешка телесна повреда кај нив бил донесен малолетен ученик од село Здуње, гостиварско.

-Според изјавата на неговиот професор, ученикот се повредил при пад за време на час по физичко образование во средно училиште во Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот.

To top