Според најновите информации, Лука Дончиќ ќе биде еден од инвеститорите на клубот од Рим што планира да влезе во проектот НБА-Европа.
Имено, Дончиќ, заедно со легенди како Дирк Новицки и Римантас Каукенас, кои ги собраа поранешниот менаџер на Далас, Дони Нелсон и неговата инвестициска група, ќе бидат задолжени за доведувањето на Ваноли Кремона во НБА-Европа.
Договорот за купување на лиценцата за Серија А веќе е постигнат и се очекува Рим да се врати во трката за европската сцена.
Се очекува лиценците за НБА-Европа да бидат многу скапи, помеѓу 500 милиони и една милијарда долари, но споменатиот инвестициски фонд и ѕвездите на НБА би можеле да го регулираат ова бидејќи гледаат профит во сè.