НБА кошаркарската лига реагираше брзо по хаотичните сцени на натпреварот помеѓу екипите на Детроит пистонс и Шарлот хорнетс, суспендирајќи четири играчи кои беа во центарот на масовна тепачка во текот на третата четвртина.
Најстрого казнет е крилниот центар Детроит, Ајзеја Стјуарт, со суспензија од седум натпревари. Муса Диабате и Мајлс Бриџис од Шарлот исто така добија суспензија, од по четири натпревари, додека играчот на Детроит Џејлен Дурен е суспендиран на два натпревари.
Инцидентот започна нешто повеќе од седум минути пред крајот на третата четвртина, кога Џејлен Дурен, со топката во раце и во обид да се упати кон кошот, беше фаулиран од Диабате.
По фаулот, Дурен се сврте и влезе во вербален и физички контакт со противникот, при што делуваше дека двајцата се судрија со главите.