Футсал репрезентацијата на Македонија забележа победа и во второто соочување со селекцијата на Австрија, овој пат славеа со 4-2.
Во третата минута Алек Флегел беше прецизен при изведувањето на слободен удар и постигна прекрасен гол за водство од 1-0.
Радоста на Австријците траеше многу кусо и веќе во шестата минута Јакуп Рамадани израмни на 1-1, а само две минути подоцна Игор Леовски и донесе водство на Македонија.
Во третата минута од второто полувреме Јакуп Рамадани повторно се запиша во листата на стрелци за предност од 3-1, а истиот играч во самата завршница го постигна и четвртиот гол за нашата репрезентација.
До крајот на натпреварот гостите успеаа да го намалат водството на Македонија и Флегел повторно го совлада нашиот голман и ги постави конечните 4-2.
Двомечот со Австрија беше последна проверка на формата на играчите кои се во конкуренција за место во националниот тим кој го очекува настап во квалификациите за Светското првенство.
Македонија е дел од Ц конкуренцијата во која настапуваат уште домаќинот на турнирот Литванија, Турција и Бугарија.
Мечевите се играат во периодот од 6 до 15 април, а пласман во главната фаза од мундијалските квалификации обезбедуваат освојувачите на првите две места.