Македонија Министерство за европски прашања

Сали – Колумбија: Продлабочување на соработката со Обединетите нации за поддршка на реформите и одржливиот развој

Министерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со Резидентниот координатор на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија.

На средбата беше потврдена долгогодишната и успешна соработка меѓу Македонија и Обединетите нации, како важен партнер во поддршката на реформските приоритети и одржливиот развој на државата. Министерот Сали ја истакна посветеноста на Владата на европската интеграција како стратешки приоритет, со фокус на владеењето на правото, реформата на јавната администрација, функционирањето на демократските институции и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови.

Соговорниците констатираа дека приоритетите од новата Рамка за соработка на Обединетите нации за периодот 2026–2030 се целосно усогласени со националните реформски цели и процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областите на социјалниот развој, одржливата економија, зелената транзиција и доброто владеење.

Министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Обединетите нации, особено во клучни моменти, и ја нагласи подготвеноста на Министерството за европски прашања за натамошно продлабочување на соработката и координацијата на развојната помош.

Најнови вести од Македонија

To top