Свет изјава

Фон Дер Лајен инсистира на обединет европски пазар на капитал

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има за цел да го поедностави пазарот на капитал во Европската унија за да ја намали фрагментацијата и да ја поттикне конкурентноста, дури и ако не се сите 27 членки на блокот согласни со тоа.

– Тука во Европа, немаме само 27 различни финансиски системи, секој со свој супервизор. Туку имаме и повеќе од 300 места за тргување низ нашата Унија, им порача денеска Фон Дер Лајен на пратениците во ЕУ.

– Тоа е фрагментација на стероиди. Потребен ни е еден голем, длабок и ликвиден пазар на капитал, изјави таа во Стразбур.

Наспроти тоа, таа истакна дека Соединетите Американски Држави имаат „еден финансиски систем, еден пазар на капитал и неколку други финансиски центри“.

Европската комисија предложи насочување на националните правила за да се создаде таканаречена унија за штедење и инвестиции. Сепак, хармонизирањето на финансиските правила во Европа се покажа како тешко во минатото, пренесе ДПА.

Фон Дер Лајен ги повика пратениците да постигнат брз напредок, но нагласи дека е подготвена да продолжи со законодавството дури и ако не се подготвени сите земји од ЕУ да ги скратат своите национални правила.

– На нашите компании им треба капитал токму сега. Затоа, ајде да го завршиме ова годинава, рече таа. „Мораме да напредуваме, на еден или на друг начин, за да ги урнеме бариерите што нè спречуваат да бидеме вистински глобален гигант“, додаде Фон Дер Лајен.

Говорот на претседателката на Европската комисија доаѓа пред серија настани фокусирани на подобрување на европската конкурентност, вклучувајќи го индустрискиот самит во белгискиот град Антверпен и утрешниот собир на лидерите на ЕУ.

To top