Македонија

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за здравство е Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка и Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, во прво читање.

Најнови вести од Македонија

To top