Во текот на четири децении, научници спровеле истражување направено врз 132.000 возрасни Американци љубители на кафето и чајот. Студијата покажала дека луѓето кои секојдневно пиеле повеќе кафе имале 18 проценти понизок ризик од развој на деменција во споредба со оние кои пиеле помалку.
Во научниот труд исто така е нагласено дека љубителите, зависници од кафе имале помалку проблеми со меморијата или размислувањето, кои самите ги забележале, во споредба со оние на кои кафето не им е омилен пијалок. Истражувачите забележале ист ефект и по консумирање на чајот, што не било случај и кај безкофеинските пијалоци Сепак, тие напоменале дека, иако наодите се охрабрувачки, самата студија не докажува дека кофеинот помага во заштитата на мозокот.
Според раководителот на истражувањето, Даниел Ванг од Харвард, и да постои позитивен ефект од кофеинот, тој е мал. А постојат и веќе докажани начини за заштита на когнитивните функции при стареење. Меѓу другото, според предходни истражувања, физичката активност, здравата исхрана и добриот сон помагаат за помал ризик од деменција. Според експертите, ефектите по консумирањето на овие пијалоци биле навидливи кај оние кои пиеле од две до три шолји кафе или од една до две шолји чај со кофеин.
По истражувањето финансирано од Националниот институт за здравје, оние кои пиеле кафе со кофеин, исто така, покажале подобри резултати на некои објективни тестови на когнитивните способности. Но сепак, научниот тим смета дека се потребни дополнителни истражувања за да се проверат факторите и механизмите одговорни за овие наоди. Тие нагласиле дека биолошки активните состојки во кафето или чајот, како кофеинот или полифенолите, се можни фактори кои ја ублажуваат воспаленоста на нервните клетки и штитат од когнитивни проблеми.