Регион ја коментираше и одлуката на Уставниот суд

Бериша обвини дека Албанија не исполнува ниту еден услов од процесот на евроинтеграција

– Ги поканувам граѓаните од цела Албанија, ги поканувам сите граѓани на Тирана на мирно востание, за да им докажеме на нацијата, на Европа и на светот дека никогаш нема да бидеме поразени од неколку крадци кои немаат други интереси освен сопственото збогатување, рече Бериша.

Бериша обвини дека Албанија не исполнува ниту еден услов од процесот на евроинтеграција

Лидерот на Демократската партија (ДП) и поранешен шеф на државата и премиер, Сали Бериша го обвини премиерот Еди Рама дека го враќа интегративниот процес на Албанија во 1992 година. Според Бериша, Албанија апсолутно не исполнува ниту еден од условите на процесот за евроинтеграција.

– Денеска го изјавувам она што во последните две – три години десетици пати сум го кажал. Албанија апсолутно не исполнува ниту еден услов од процесот за евроинтеграција. Успесите на Албанија со Еди Рама се најголемата измама. Албанија го исполнува геостратешкиот услов, што е важен услов, рече Бериша.

Тој порача дека Демократската партија останува посветена на европската интеграција, но само врз основа на заслуги, гарантирајќи им на партнерите на земјата дека за ДП главна цел е интеграцијата на Албанија во ЕУ.

Бериша ги повика граѓаните на масовност на утрешниот, трет по ред, национален протест пред Владата во Тирана или како што го нарече „мирно востание“.

– Ги поканувам граѓаните од цела Албанија, ги поканувам сите граѓани на Тирана на мирно востание, за да им докажеме на нацијата, на Европа и на светот дека никогаш нема да бидеме поразени од неколку крадци кои немаат други интереси освен сопственото збогатување, рече Бериша.

Тој, исто така, ја коментираше одлуката на Уставниот суд во врска со суспензијата на министерката Белинда Балуку, опишувајќи го процесот како доказ за политичкото влијание на Владата врз правдата. Според Бериша, фактот што Уставниот суд бил поделен четити – четири во гласањето, ја покажува „негова парализа од страна на извршната власт“.  (МИА)

Најнови вести од Регион

To top