Европската комисија денеска усвои мерки за спречување на уништување на непродадена облека, додатоци за облека и обувки со цел да се поттикне рециклирањето и да се намали штетата врз животната средина.
-Ова е уште еден чекор во промовирањето на циркуларна економија низ цела ЕУ, соопшти ЕК.
Забраната за уништување на непродадена облека и обувки ќе биде задолжителна за големите компании од 19 јули годинава, а за средните компании од 2030 година.
Се проценува дека во Европа секоја година од четири до девет проценти од непродадените текстилни производи се уништуваат. Овој отпад генерира околу 5,6 милиони тони емисии на јаглерод диоксид, што е речиси еднакво на вкупните нето емисии на Шведска во 2021 година. (МИА)