Македонија Подготвена нова концепција

Отворена јавна расправа по предложената концепција за гимназиско образование, еве како можете да учествувате

Сите предлози и сугестии може да се достават по електронска пошта на адресата: [email protected], најдоцна до 28 февруари 2025.

Отворена јавна расправа по предложената концепција за гимназиско образование, еве како можете да учествувате

Министерството за образование и наука објави дека е подготвена нова концепција за гимназиско образование откако претходната верзија пред една година беше повлечена поради реакции, главно од образовни установи и професори од општествените науки.

МОН на својата веб-страница соопшти дека новиот предлог е резултат на сеопфатна анализа и вградување на забелешките, сугестиите и предлозите добиени за време на јавната расправа одржана во текот на минатата година, како и од дополнителни стручни консултации. Концепцијата е унапредена со цел појасно да се дефинира улогата и значењето на гимназиското образование во современиот образовен систем.

-Предложената концепција го задржува општообразовниот карактер на гимназијата преку силна основа од задолжителни предмети, со кои сите ученици стекнуваат темелни знаења од природните науки, општествените науки, хуманистичките дисциплини и уметностите. Истовремено, се воведува современ и педагошки оправдан модел на структурирана изборност, кој им овозможува на учениците, во одделни сегменти, активно да го обликуваат сопствениот образовен профил според своите интереси, без рана и тесна специјализација. Особена вредност на концепцијата е можноста за континуирано и продлабочено изучување на избрани предмети, што придонесува за развој на аналитичко и критичко мислење, применливи знаења и клучни компетенции. Моделот е организациски одржлив, применлив во различни училишни контексти и усогласен со современите европски гимназиски практики, се наведува во објавата на МОН.

МОН и Бирото за развој на образованието ги повикуваат сите заинтересирани чинители – наставници, стручни соработници, директори, ученици, родители, академската заедница и пошироката јавност – да учествуваат во јавната расправа за новата предлог-концепција за гимназиско образование.

Сите предлози и сугестии може да се достават по електронска пошта на адресата: [email protected], најдоцна до 28 февруари 2025.

-Ги охрабруваме сите заинтересирани да дадат свои мислења, коментари и дополнителни предлози, имајќи ја предвид целокупната функција и значење на гимназиското образование, како општообразовна основа за понатамошно образование и активно учество во општеството, а не од перспектива на поединечни предметни или професионални интереси, се наведува во соопштението. 

Најнови вести од Македонија

To top