Македонија Министерство за европски прашања

Трајков: Поддршката на жените е инвестиција во иднината!

„Жените треба да се дел од решението, а не дел од проблемите бидејќи тогаш и транзицијата ќе биде побавна, поскапа и неправедна”.

Трајков: Поддршката на жените е инвестиција во иднината!

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска учествуваше на настанот „Европските можности и политики за поддршка на жените во net-zero вештини и кариери” кој се одржа во Europe House. Таа зборуваше за конкретните чекори за поддршка на жените во нивните кариери.

Заменик-министерката порача дека ЕУ интеграцијата не е само политика — тоа е вештини, инвестиции и можности за граѓаните.“

„Erasmus+Horizon Europe не се само програми на хартија. Тие се реална можност со којашто се отвора простор за се повеќе жени истражувачки, иноваторки, можност за оние коишто ќе одлучат да ги докажат своите способности во области како обновлива енергија, паметни мрежи и климатски технологии. Потребен е координиран патоказ во процесот на стекнување и надградување на вештините на жените до посакуваното работно место”порача Трајков.

Заменик-минисерката за европски прашања потенцираше дека родовата перспектива е еден од клучните сегменти на ЕУ приоритетите, вклучувајќи ја и зелената и дигитална транзиција, каде учеството на жените е неопходно и потребно.

„Жените треба да се дел од решението, а не дел од проблемите бидејќи тогаш и транзицијата ќе биде побавна, поскапа и неправедна”.

Најнови вести од Македонија

To top