Македонија Министерство за образование и наука

Коментари за новите закони за високото образование може да се доставуваат и на посебни е-адреси на МОН

-Грижата за образованието е заедничка општествена одговорност. Ги охрабруваме сите засегнати и заинтересирани субјекти да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрите законски решенија кои ќе бидат основа за понатамошен развој на образовниот систем и на научноистражувачката дејност во Македонија, соопшти МОН.

Коментари за новите закони за високото образование може да се доставуваат и на посебни е-адреси на МОН

Новите предлози за закон за високо образование и за обезбедување квалитет во високото образование и науката се објавени на владиниот ЕНЕР-систем и се достапни за забелешки и сугестии од пошироката јавност, потсетува Министерството за образование и наука.

Исто така, коментари за подобрување на содржината на предложените законски решенија може да се доставуваат и на електронските адреси [email protected] за новиот закон за високото образование и [email protected] за законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката.

-Грижата за образованието е заедничка општествена одговорност. Ги охрабруваме сите засегнати и заинтересирани субјекти да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрите законски решенија кои ќе бидат основа за понатамошен развој на образовниот систем и на научноистражувачката дејност во Македонија, соопшти МОН.

Најнови вести од Македонија

To top