Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс пристигна во официјална посета на Ерменија, придружуван од неговата сопруга Уша Венс, објави ерменска новинска агенција.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан подоцна денеска ќе се сретне со потпретседателот Венс, по што двајцата ќе дадат изјави.
Според договорот потпишан меѓу Ерменија и САД минатата година, приватната американска компанија „Патот на Трамп за меѓународен мир и просперитет“ добива ексклузивни права за развој на планираниот коридор меѓу Азија и Европа, при што Ереван задржува целосен суверенитет над своите граници, царински режими, даночна политика и безбедност.
Се очекува, рутата да ја подобри поврзаноста меѓу Азија и Европа, при што клучно значење за Вашингтон е да ги заобиколи Русија и Иран во време кога западните земји активно бараат начини за диверзификација на своите енергетски и трговски патишта и намалување на нивната зависност од Русија поради војната во Украина. (МИА)