Текстов, како и десеттици на истиве теми објавени пред него, им го препорачувам на сите “безалтернативни“ македонски политичари, аналитичари, новинари… кои со децении наназад не’ убедуваат дека за нас не постои друга алтернатива освен НАТО и ЕУ и дека во тоа име мора да прифатиме се’, колку и да е тоа недостоинствено, нецивилизациски, антидржавно, антинародно…
Па, ќе ве навратам некаде на средината на 2021 година, кога една земја членка на ЕУ, Унгарија, донесе Закон со кој се забрани ЛГБТ пропаганда на деца од училишна возраст во нивните образовни програми, но и во медиумските содржини. И, веднаш, во ЕУ, најголемиот “бастион“ на демократијата, започнаа жестоки напади , полни со омраза и нетрпение, кон Орбан, Унгарија и нејзината политика.
Па, полни со “демократија“ и “почитување на туѓото мислење“, еден по еден му порачаа на Орбан:
Михел Мартенс, премиер на Ирска: “Орбан ги премина црвените линии“.
Гзавије Бетел, премиер на Луксембург: “за омраза, нетолеранција и дискриминација нема место во нашата Унија“.
Емануел Макрон,претседател на Франција: “ова е егзистенцијално прашање за Европејците“.
Марк Руте, премиер на Холандија (денес генерален секретар на НАТО): “ако не ви се допаѓаат ЛГБТ правата, имате алтернатива, одете си од Европската Унија“.
Ова само како мал доказ за “почитување“ на различното мислење од страна на “борците за различност“ – односно, или ќе размислувате како нив, или сте непожелен во нивното “демократско“ друштво. И, за да оваа бесмислена приказна има “среќен крај“, лидерите на 17 од 27-те земји членки на ЕУ, предводени од Макрон и Меркел, потпишаа писмо во кое ЛГБТ правата ги нарекуваат “темел на Европската Унија“.
Не случајно градителите рекле – види го темелот, ќе знаеш каква е куќата.
НОРМАЛЕН СВЕТ ИЛИ “ОСТРОВОТ НА ЕПШТАЈН“
Го пишувам ова токму сега, најдлабоко згрозен од се’ она што деновиве го слушаме, го гледаме, го читаме, а се случувало на педофилскиот остров на Џефри Епштајн. Тие сатанистички, монструозни случувања со учество на целата светска либерална елита. Со учество на огромен дел од оние кои пред неколку години жестоко го напаѓаа Виктор Орбан и токму неговата заложба, во зачеток, уште во годините на воспитување на децата, да се спречи токму ваквото монструозно уништување на детскиот мозок. Огромен дел од оние за кои ваквите монструозни, педофилски, сатанистички активности, вообличени во ЛГБТ правата, претставуваат “егзистенцијално прашање за Европејците“ и “темел на Европската Унија“.
И сега, зарем не ви е страв кога ќе се поздравите со вашите безалтернативни “идоли“ од ЕУ, дека можеби токму таа рака која, за жал, со стравопочит ќе ја стегнете, злоставувала и сексуално искористувала некое петгодишно детенце во некоја од најблудните сеанси на островот на Епштајн?
Зарем воопшто можете и понатаму да говорите за ЕУ и нејзините искривени неморални вредности, како за наша единствена алтернатива? Зарем се’ уште не можете да разберете дека токму сега навистина мораме пред себе да си поставиме две алтернативи – или ќе живееме во нормално општество со традиционални цивилизациски вредности, и сите заедно, огромното нормално мнозинство од човештвото, ќе се бориме за свет со традиционални човечки вредности, или, нашите деца и внуци, сите заедно, ќе живеат на “островот на Епштајн“.
Со еден збор, или ќе се насочиме во духовноста за да ги зачуваме децата, семејството, верата и нацијата, или ќе станеме соучесници во сатанистичките ритуали за уништување на умот, на телото, на целото човештво.
Сега, сакале вие или не, човештвото е исправено пред избор од кој ќе зависи неговото постоење. За среќа, европските влади веќе се тресат со невиден интензитет.
ЕУ НА КОЛЕНА ПРЕД ИНДИЈА И КИНА
И, додека “безалтернативните идоли“ од Брисел ве убедуваат дека токму ЕУ, со сите свои Епштајн вредности, е нашата единствена алтернатива, токму таа бирократска либерална елита на ЕУ, откако самата си ја исече гранката на која седеше, денес бара алтернатива за себе. Бара спас за свое понатамошно безалтернативно владеење.
Сведоци сме дека веќе јавно коленичи пред Индија како пазар од речиси една и половина милијарда луѓе, каде би продавале барем нешто од своите се’ понеконкурентни производи. Истовремено, коленичи пред Кина, како единствен пазар од кој може да се снабдуваат со се’ што им е потребно – од ретки метали, до високотехнолошки производи.
А, за да биде иронијата која ги потврдува нивните двојни стандарди, уште поголема, непрекинато соработуваат со рускиот енергетски сектор, па податоците објавени деновиве говорат дека Руската Федерација испорачува рекордно количество течен природен гас во Европа.
Имено, токму среде објавата за потполна забрана за увоз на руски гас од почетокот на 2027 година, во јануари годинава, увозот на руски течен природен гас во ЕУ достигнал историски максимум. Па така, според податоците од европскиот аналитички центар Бројгел, ЕУ, минатиот месец увезла 2.276 милијарди метри кубни руски течен природен гас, во споредба со 2.05 милијарди кубни метри во јануари 2025 година.
Истовремено, во срцето на ЕУ, во четвртокот, со излевање на првиот бетонски блок, руската државна корпорација Росатом, во присуство на генералниот директор на Росатом и генералниот директор на ИАЕА (меѓународната организација за атомска енергија), ја започна изградбата на нова нуклеарна електрана Пакш II, каде реакторот ќе биде испорачан од германскиот Сименс Енерџи.
Затоа, време е да се свртиме кон сопствените национални интереси, да побегнеме од двојните стандарди на “Епштајн пулените“ и, да побараме алтернативи кои ветуваат иднина за Република Македонија и македонската нација. Иднина во која нашите деца ќе живеат во духовен мир, вековна традиција, богата економија која соработува со секого заради своите интереси…
Немаме право да си ги осудиме децата на живот на “островот на Епштајн“.
Страшо Ангеловски
Претседател на МААК