Познати

Хали Бери: Оскарот не ми ја промени кариерата како што очекував

Хали Бери: Оскарот не ми ја промени кариерата како што очекував

За Хали Бери, освојувањето на „Оскарот“ е чисто деловен успех и ништо повеќе. За глумицата која во 2001 година влезе во историјата како првата Афроамериканка што ја освои најпрестижната статуетка за најдобра актерка за нејзината улога во филмот „Бал на чудовишта“ (Monster’s Ball), оваа историска победа не ја покрена нејзината кариера на начинот на којшто таа се надевала, вели таа во новото интервју за „Кат“ (The Cut).
– Тој „Оскар“ не мора нужно да го промени текот на твојата кариера… Откако го освоив, си помислив, така да се каже, дека „камион со сценарија“ ќе се паркира пред мојата врата, изјави Бери, укажувајќи оти тоа не било случај.

Иако освојувањето на најпрестижната филмска награда е, вели, врв на нејзината кариера, таа смета дека тоа што е Афроамериканка, бил пречка за добивање нови улоги.

– Иако бев исклучително горда, следниот ден сè уште бев црнка, додаде таа.

Режисерите постојано се прашувале: „Ако ѝ ја дадеме оваа улога на црна жена, што тоа значи ќе за целата приказна? Дали мора да избереме црнка? Тоа станува ‘црнечки филм’, а тие филмови не се продаваат во странство.“

Со сегашното искуство, Хали, која ја има 17-годишната ќерка Нала, со поранешниот партнер Габриел Обри, и 12-годишниот син Масео-Роберт со поранешниот сопруг Оливие Мартинез, натаму откри и совет што ѝ го дала на Синтија Ериво – трипати номинирана глумица за „Оскар“.

„По ѓаволите, го заслужуваш тоа, но не знам дали ќе ти го промени животот. Таа награда не треба да биде потврда за твојата работа, нели? “

Независно од наградите, Хали ја препознава сопствената дарба. Таа, имено, без суета ја подигна „Златна малина“ за нејзината улога во „Жена-мачка“, пародизирајќи ја сопствената емоционална реакција на освојувањето „Оскар“ неколку години претходно. Подигнувањето „признание“ на доделувањето „анти-Оскари“ е реткост.

– Секогаш знаев дека „Оскарот“ не ме прави најдобра, исто како што „Златната малина“ не ме прави најлоша. Како црна жена која тукушто не наполнила 60 години, сè уште снимам филмови и го правам она што го сакам. Тоа е победа за мене!, заклучи таа.

Во оваа фаза од нејзината импресивна актерска кариера, таа, вели, има среќа што сè уште добива улоги што ја исполнуваат.

To top