На 07.02.2026 во 20:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа М.У.(52) од Велес.
Претходно, тој се јавил во полициска станица и ги омаловажувал полициските службеници, а потоа на улица „Јовче Тикваров“ во Велес, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
При преземање мерки, кај М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.