Фудбал

Реал Мадрид ќе има нов тренер

Реал Мадрид ќе има нов тренер

Реномираниот новинар Хулио Малдонадо, познат како Малдини, тврди дека клубот од „Сантијаго Бернабеу“ веќе има јасен фаворит за наследник на сегашниот тренер.

Според неговите сознанија, клупата на Реал од следната сезона би можел да ја преземе Унаи Емери, тренер со богато искуство и сериозен меѓународен реноме. Сите индикатори, како што се наведува, одат во насока дека токму Емери е првиот избор на раководството на клубот.

Шпанскиот стратег во моментов успешно ја води Астон Вила каде што се наоѓа веќе четири години, а зад себе има импресивна тренерска биографија.

Најголемите успеси ги оствари во европските натпреварувања, освојувајќи ја Лигата на Европа трипати со Севиља и еднаш со Виљареал, додека со Пари Сен Жермен доминираше во францускиот фудбал.

To top