Македонија глава на октоподот во корупцијата и лидер на СДС од сенка

ВМРО-ДПМНЕ му врати на вистинскиот лидер на СДС: Заев е исплашен до толку од одговорност што по се изгледа, почнува да станува клаустрофобичен?

Заев се потврди дека ја води СДС, а Венко е парадерот. Одговорност и правда ќе има!, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

ВМРО-ДПМНЕ му врати на вистинскиот лидер на СДС: Заев е исплашен до толку од одговорност што по се изгледа, почнува да станува клаустрофобичен?

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на јавниот статус на поранешниот премиер Зоран Заев, обвинувајќи дека тој, како што наведуваат, се јавил во одбрана на криминал поврзан со големите заплени на дрога во струмичкиот регион. Од партијата тврдат дека последните денови јавноста сведочи на конфискација на значителни количини дрога која, според нивните наводи, потекнува од фирми и лица блиски до Заев и неговото политичко опкружување.

„Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица.

Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле канабисот туку за нелегална продажба на нелегален продукт – дрога.

Над 20 тони дрога беа изнесени само од фирмата “ЦБД Медплант” во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село во времето на Заев. Заев и Венко им дадоа лиценци на овие луѓе, а гледаме како заврши истото.

Заев е таткото на бизнисот со Канабис. Оттука нека каже дали неговото семејство и нему блиски луѓе се влезени во тој бизнис? Зошто јавно лаже?

Дополнително, за тоа дека градел облакодери во Дубаи има сведоштва од негови познаници и соработници кои јавно тоа го кажуваат. Заев треба јавно да каже врз кој основ и како стигнал до златна виза во Дубаи?

Заев е исплашен до толку од одговорност што по се изгледа, почнува да станува клаустрофобичен?

Заев се потврди дека ја води СДС, а Венко е парадерот. Одговорност и правда ќе има!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top