Македонија УХМР најавува

Следува период на пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Следува период на пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините

Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег.

Како што најавува УХМР, поради продор на постуден воздух в понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а в среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Најнови вести од Македонија

To top