Останати спортови

ВИДЕО: Снуп Дог го „украде“ шоуто на ЗОИ, проба да игра карлинг

ВИДЕО: Снуп Дог го „украде“ шоуто на ЗОИ, проба да игра карлинг

Познатиот американски рапер Снуп Дог го „украде“ шоуто на натпреварот во карлинг во мешани двојки бодрејќи ја американската репрезентација, пред самиот да го проба овој спорт.

Имено, Снуп Дог го посети Олимпискиот стадион за карлинг во Кортина за да ги поддржи сонародниците Кори Тиеса и Кореј Дропкин во нивната победа над Канада во мешани двојки.

Тоа беше трета последователна победа на американската двојка на Зимските олимписки игри, а Снуп Дог се појави на трибините облечен во јакна со ликовите на Кори и Кореј.

-Олимписки игри се и нашето семејство и пријатели се тука и нè бодрат. Снуп Дог е тука и нè бодри Јакната беше толку кул. Ми се допадна. Тренерот Снуп изгледаше добро денес. Дури се појавија и некои луѓе што не ги познаваме, но се појавија и гласно и гордо бодреа. Снуп ја прегрна мајка ми, лудо е“, рече Дропкин.

Во декември, хип-хоп иконата беше именувана за почесен тренер на американската репрезентација, а по натпреварот се симна на мразот каде што членовите на американската репрезентација му ги покажаа основите на карлингот.

Снуп Дог се обиде и самиот да се занимава со карлингот, а во средата го носеше олимпискиот пламен, исто како што го носеше на Летните олимписки игри во Париз пред две години.

To top