Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го уапси еден од „клучните учесници“ во координираниот напад врз американскиот конзулат во Либија пред 13 години, јави ДПА.
Во нападот врз дипломатската мисија во Бенгази беа убиени четворица американски државјани, вклучувајќи го амбасадорот Кристофер Стивенс и уште тројца други.
Осомничениот, Зубајр ал-Бакуш, слета во воена база во близина на Вашингтон рано утринава и беше приведен, изјави американската државна обвинителка Пам Бонди на прес-конференција.
Обвинителката Џанин Пиро изјави дека ал-Бакуш сега е обвинет по осум точки и се соочува со обвиненија, вклучувајќи убиство, тероризам и палење, пренесува германската агенција.
Нападот на 11 септември 2012 година се случил кога Хилари Клинтон била државен секретар. Тој станал голем проблем за време на претседателската кампања во 2016 година, кога Клинтон беше демократска кандидатка за претседател, а критичарите ја обвинуваа за безбедносни пропусти во овој случај.
Во 2017 година, либискиот државјанин Ахмед Абу Хатала, кого американската Влада го идентификува како лидер на групата напаѓачи во нападот во Бенгази во 2012 година, беше осуден за тероризам во судскиот процес што се водеше во САД, потсетува ДПА.