Свет

Данска делумно парализирана поради обилни снежни врнежи

Данска денеска е делумно парализирана поради обилни снежни врнежи во поголемиот дел од земјата, со прекин на јавниот превоз, затворени училишта и откажани летови.

Данскиот метеоролошки институт издаде предупредување за снежни врнежи што ќе продолжат до вечер на истокот од земјата, каде што се наоѓа главниот град Копенхаген, како и на истокот од полуостровот Јитланд, каде што се наоѓа вториот по големина град Орхус.

Автобускиот сообраќај во Орхус е прекинат. Регионалната полиција во Копенхаген предупреди да се избегнуваат непотребни патувања.

Многу училишта одлучија да останат затворени. Според Данскиот метеоролошки институт, на некои места може да падне до 30 см снег. Аеродромот во Копенхаген предупреди на „ризик од доцнења и откажувања (на летови) поради снежни услови“. Утрово, летовите до Берлин и Париз беа откажани. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за снежна бура и за регионот Северен Јитланд.

To top