Состојки:
- 4 јаболка
- 200 грама кафеав/бел шеќер
- 30 грама путер
- 120 грама слатка павлака
- 1 лажица екстракт од ванила
- прстофат сол
- Додатоци по желба за украсување ( јаткасти плодови, чоколадни трошки, кокос и сл.)
Подготовка:
Јаболката темелно измијте ги и добро исушете ги. Во средината на секое јаболко забодете дрвено стапче или ражен до крај, за да стои цврсто. Во тенџере ставете ги кафеавиот шеќер, слатката павлака, путерот и солта. Загревајте на средна температура со мешање додека путерот целосно не се растопи. Потоа продолжете со готвење без мешање околу 5 минути, додека смесата не се згусне и добие карамелна боја. Тргнете го садот од оган, додадете го екстрактот од ванила и добро промешајте. Оставете карамелата да се олади неколку минути. Потопете ги јаболката едно по едно во карамелата, рамномерно обложете ги и отстранете го вишокот. По желба украсете со додатоци: јаткасти плодови, кокос, чоколадни трошки… Поставете ги јаболката врз хартија за печење и оставете ги кратко да се оладат пред сервирање.
Совети:
Ако карамелата е прегуста, додајте 1–2 лажици топла павлака и кратко промешајте. Ако е преретка, варете уште 30–60 секунди.
Најдобро се консумираат истиот ден.