Фудбал објави фифа

Срушен рекорд во зимскиот преоден рок: Над 5.900 трансфери, еве кој потрошил најмногу

Зимскиот преоден рок од 2026 година забележа зголемување од три проценти на бројот на трансфери во споредба со претходниот рекорд од 2025 година, кога беа завршени 5.799 трансакции.

Срушен рекорд во зимскиот преоден рок: Над 5.900 трансфери, еве кој потрошил најмногу

Со повеќе од 5.900 трансфери на глобалниот пазар, зимскиот преоден рок постави нов рекорд по бројот на завршени зделки, но вкупните износи потрошени за компензации беа пониски од претходната година, објави ФИФА.

Зимскиот преоден рок од 2026 година забележа зголемување од три проценти на бројот на трансфери во споредба со претходниот рекорд од 2025 година, кога беа завршени 5.799 трансакции.

Иако вкупно беа потрошени повеќе од 1,9 милијарди долари, таа сума е дури 18 проценти помалку во споредба со рекордот од јануари 2025 година, кога беа потрошени 2,35 милијарди долари.

Англиските клубови беа убедливо најголемите трошачи, со 363 милиони долари издвоени за трансфери. Иако е значително помалку отколку во 2025 година (623 милиони), Премиер лигата е сепак пред сите. На второ место се италијанските клубови со 283 милиони долари.

Бразилските клубови беа меѓу трите најголеми трошаџии со вкупно 180 милиони долари, најмногу благодарение на рекордниот трансфер на Лукас Пакета, кој од Вест Хем се пресели во Фламенго за околу 49 милиони долари.

Германските клубови се на четвртото место, додека француските клубови паднаа на петтата позиција со 120 милиони долари трошење, што е пад од повеќе од 40 проценти во споредба со минатата година (210 милиони). Причината, според ФИФА, лежи првенствено во кризата со ТВ правата.

Саудиските клубови, кои беа четврти минатата година со 213 милиони долари, паднаа на шестото место оваа зима со 101 милион долари.

Кога станува збор за приходите од трансфери, француските клубови се уште се на првото место со 218 милиони долари, иако ова е значително помалку отколку во јануари 2025 година (373 милиони). Следат италијанските (175 милиони), бразилските (155), англиските (150) и шпанските клубови (139 милиони долари).

To top