Занимливости

Симпсонови „знаеле“ за Џефри Епштајн? „Лудаци на остров тајно владеат со светот“

Симпсонови „знаеле“ за Џефри Епштајн? „Лудаци на остров тајно владеат со светот“

Гледачите забележаа еден детаљ во анимираната ситком серија „Симпсонови“ – постоењето на остров во сопственост на осудениот педофил Џефри Епштајн.

Во епизодата од 12-та сезона „The Computer Wore Menace Shoes“, која се емитуваше во 2000 година, Хомер создава веб-страница за ширење озборувања и лажни вести под псевдонимот г-дин Х.

Меѓу теориите на заговор на Хомер е и референцата за „лудаци на островот“, што гледачите ја протолкуваа како приватен остров на Американските Девствени Острови што бил во сопственост на Џефри Епштајн.

Сцена од епизодата, напишана од Џон Сварцвелдер и режирана од Марк Киркланд, содржеше известување на г-дин Х на кое беше напишано: „Внимание: Некои лудаци на некој остров тајно владеат со светот“.

Screenshot

Следуваа бројни реакции од гледачите на социјалните мрежи.

Некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека креаторот на „Симпсонови“ Мет Гронинг наводно патувал со еден од приватните авиони на Епштајн.

To top