На 04.02.2026 во 15:20 часот на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.М.(18) од с.Падалиште, гостиварско.
-При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит, информира СВР Тетово.
По добиени насоки од јавен обвинител, А.М. е лишен од слобода, а возилото е одземено и врз основа на член 297-а од Кривичниот законик ,,безобзирно управување на моторно возило“, ќе биде поднесена соодветна пријава.