Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро пристигна во Дамаск, првата станица од неговата регионална турнеја.
Се очекува, Баро да се сретне со својот сириски колега, Асад ал-Шибани, во време кога тензиите во Сирија неодамна се намалија меѓу владата и курдското малцинство во северните региони.
Францускиот министер, кој е во втора посета на Дамаск откако исламистичката коалиција ја презеде власта во 2024 година, потоа ќе отпатува во Ирак и Либан.