Изградбата на детската градинка во Инџиково влегува во завршна фаза. Заедно со градоначалникот на опшина Гази Баба, Бобан Стефковски извршивме увид во тековните градежни активности на објектот, објави на Фејсбук заменик министерот за за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски
.
Вредноста на инвестицијата изнесува 47.500.000 денари, средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Новата градинка ќе има капацитет за 48 деца, од кои 36 деца на возраст од 2 до 6 години и 12 деца во јасли.
Објектот е проектиран како современо и енергетски ефикасно решение, со греење преку топлотни пумпи, вкупна површина од 490 м² и соодветни простории за згрижување, едукација и административни потреби.
Продолжуваме со посветена реализација на проекти од значење за децата, семејствата и локалната заедница, со цел создавање подобри услови за идните генерации, пишува во својата објава Велковски.