Една од лошите навики на СДС пак излезе на виделина. И не, НЕ зборуваме за конзумација на кокаин, не. Во минатиот период, лошата навика за која зборуваме беше „на ангро“ практикувана од „лидерот“ Филипче, кој на средби со граѓани пред локалните избори „од ракав“ тресеше бројки од измислени анкети, имагинарни испитувања на јавното мислење за кои никој никогаш не кажа извор, изведувач, временски период на извршување на испитувањето и преимерок врз кое е извршено истото. За ова пишувавме и тогаш, како и пред повеќе месеци во „СДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки“.
Резултатите од локалните избори, пак, беа најдобар доказ за интензитетот на лагата во овие „анкети“ кои Филипче и врхушката на СДС ги сониле, исто како кога ќорава кокошка просо сонува.
И сега, „шу прајме“? Е сега, соочени со јавниот потсмев кој е највидлив на социјалните мрежи каде граѓаните со урнебесни коментари катадневно ги „тролаат“ и наголемо ругаат и исмејуваат СДС за ступидните прес-конференции преполни со измислени наративи, инфантилни изместени контексти и ултра-мизерни теории на заговор, ЈОН, Богданка и Филипче се сетија на старото северољупско оружје наречено измислени анкети.
И пред само некоја минута, патолошките лажговци од СДС срочија:
„Граѓаните, членовите на СДСМ, симпатизерите и поддржувачите можеа да видат дека во изминатите неколку месеци Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е на вистинскиот пат.
Тоа го препознаа и граѓаните, а го потврдуваат и последните наши истражувања на јавното мислење. Партијата се стабилизирше, започна силна борба против криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.“
Кх, кх, кх, какви се тие „последни наши истражувања на јавното мислење“, повторно без тоа кој го извел, кога, како и на колкав примерок, податоци кои се „оче наш“ за секое вистинско истражување на јавното мислење, не вакво измислено. Од пуста желба да е така, си измислија и самите си констатираа дека граѓаните „виделе дека СДС е на вистинскиот пат“, во паника и свесни дека Заев може да им се налути за ступидното/ајванско водење на партијата и да ги „истресе на првата кривина“…
Како македонска партија, демек државоторна (велат марихуано-творна поверојатно), СДС има и општествена одговорност кон ова општество и граѓаните да не ги лаже истите со вакви манипулативни наводи и текстови, со кои се преполни нивните соопштенија и „крцкаат“ прес-конференции минатите месеци. Лажењето за некакви си измислени анкети, нема да им даде кредилитет на лица кои конзумирале кокаин, други кои имаат судски пресуди и трети (мнозинство) кои сменија исконско име на државата, ја искрадоа, сменија знаме, донесоа двојазичност, направија територијална поделба, сменија устав, преамбула, потпишаа Француски предлог и дузина други антимакедонски лудории. Од една страна, прва пушка им е докажан корисник на психотропни супстанци, од друга пак имале силна поддршка од јавноста, истата таа која се потсмева со врхушката на СДС направена според ликот и неделото на вистинскиот лидер кој гради по Дубаи. Лик кој имаше трета прва љубов во Горњи Милановац, кој смета дека рибата смрди од опашката, дека на човек насила може да му дадеш, не да му земеш. Итн.
Лажни вести за уште полажни анкети, нема да ви дадат кредибилитет. По 10-ци соопштенија и прес-конференции дневно преполни со „фејк-њуз“ и рекла-казала конструкции, индолентно е да очекувате доверба и кредибилитет, тој се гради со работа. А вие сте оперирани од тоа.
И конечно, да – кој губи, има право да се лути.
Но не и да суши-лаже.
Не бадијала, новата поговорка вели: Кој лаже, тој краде, вошки врие и на Бихаќка спие…
П.С.
Туку, што стана со напливот на мигранти кои требаше да ја окупираат Македонија?
Онака, за другарче прашуваме…