Свет САД

Трамп потпиша пакет-закони со што се става крај на блокадата на американската влада

Предложениот пакет би обезбедил финансирање за федералната влада до крајот на септември, со исклучок на Министерството за внатрешна безбедност, чие финансирање е продолжено за две недели додека не се постигне договор за реформите што ги бараат демократите, особено во врска со агенциите за царинска и гранична заштита.

Трамп потпиша пакет-закони со што се става крај на блокадата на американската влада

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша пакет-закони за финансирање на федералната влада, со што се става крај на кратката блокада на владата што започна во саботата, објави синоќа Ен-Би-Си.

Претставничкиот дом на САД претходно гласаше на двопартиско гласање за одобрување на пакетот за финансирање на владата, со 217 гласови „за“ и 214 „против“.

Предложениот пакет би обезбедил финансирање за федералната влада до крајот на септември, со исклучок на Министерството за внатрешна безбедност, чие финансирање е продолжено за две недели додека не се постигне договор за реформите што ги бараат демократите, особено во врска со агенциите за царинска и гранична заштита.

По процедуралното гласање, Конгресот сега има 10 дена да постигне поширок договор за финансирањето на Министерството за внатрешна безбедност, а новото времетраење на сегашното финансирање истекува на 13 февруари. (МИА)

To top