Во Собранието денеска ќе заседава една комисија – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пред членовите на Комисијата се Предлог-одлуката за одржување јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2024 година и Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2024 – 31.12.2024 година.