Во организација на „САМО РАКОМЕТ“, а под Генерално покровителство на Ракометната федерација на Македонија, ќе се одржи втората панел дискусија „Ракометот спорт број 1“.
Собирот ќе се одржи на 23 февруари, во Хотелот “Double Tree” во Скопје, а панелот ќе биде поделен во три сесии:
Влијанието на медиумите и социјалните мрежи!
Почеток 9,00-10,15 часот, со следните учесници:
- Милан Лазаревски Мечка Ракометар
- Зоран Мишевски Новинар
- Горан Кузмановски Tренер
- Д-р. Емилија Бошковска Психолог
Развој и промоција на Ракометот и врската со училишниот спорт, или каде почнува создавањето на играч
Почеток 10,30-11,45 часот, со следните учесници
- Филип Миркуловски Координатор на Машки селекции
- Генерален секретар на РФМ Влатко Тасевски
- Школа Ракомет за секое дете Горан Ѓоргоноски
- Федерација на училишен спорт Елена Мицковска
Стратешки цели и насоки за развој на ракометот
Почеток 12,00-13,15 часот, со следните учесници
- Владо Недановски Спортски Директор РК Вардар 1961
- Кирил Пецаков ГРК Охрид
- Здружение на судии Славе Николов
- Александар Стефанов Претседател на РФМ
Модератор на Дискусијата ќе биде спортскиот новинар Перо Момировски.
Дискусиите ќе се одвива во два дела, прв дел во кој Панелистите ќе ги изнесат своите мислења за предложените прашања и втор дел во кој сите гости ќе можат да постават прашање.