Кошарка

Прогласени најдобрите за месец јануари во НБА лигата

Прогласени најдобрите за месец јануари во НБА лигата

НБА лигата официјално ги објави најдобрите поединци за месец јануари, а признанијата за играчи на месецот заминаа во рацете на Лука Дончиќ на Западот и Џејлен Браун на Истокот.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, продолжува да испишува историја.

Во текот на изминатиот месец, тој забележа неверојатна статистика, предводејќи ја Западната конференција со: 34.0 поени, 9.1 асистенција 7.2 скокови.

На спротивната страна, Џејлен Браун беше клучниот фактор за успесите на Бостон Селтикс.

Неговата константност во нападот и одбраната му го донесе признанието во Источната конференција со просек од 29.2 поени и 7.9 скокови по натпревар.

To top