Свет

НАТО планира воена мисија Арктичка стража

Тој не наведе повеќе детали за мисијата Арктичка стража.

НАТО планира воена мисија Арктичка стража

Портпаролот на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (СХАПЕ) денеска најави дека НАТО почна да ја планира воената мисија Арктичка стража.

– Во тек е планирање на зголемени активности на НАТО наречена Арктичка стража, полковник Мартин Л. О’Донел.

Тој не наведе повеќе детали за мисијата Арктичка стража.

Германскиот весник „Шпигел“ објави дека НАТО планира да го зголеми военото присуство на Арктикот „за да го смири“ американскиот претседател Доналд Трамп, кој сака да ја преземе контролата врз Гренланд, со образложение дека европските сојузници не успеале соодветно да ја заштитат оваа стратешка територија од амбициите на Русија и Кина.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по минатомесечната средба во Давос со Трамп, изјави дека разговарале на кој начин сојузниците во Алијансата би можеле заеднички да работата на осигурување на безбедноста на Арктикот, каде седум земји-членки на НАТО имаат територија.

– Според правилата НАТО има овластување да планира и спроведува активности за зголемена будност, изјави врховниот командант на сојузничките сили за Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич.

Сè уште е непознато дали министрите за одбрана на НАТО ќе дебатираат за ова прашање на состанок во Брисел на 12 февруари.

To top